Манчестер Сити нуди 140 милиони евра за Суарез?

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити планира да понуди рекордни 140 милиони евра за трансфер на напаѓачот на Барселона Луис Суарез, тврди денешен „Дејли Мејл“.

Како што се наведува, Барселона не е во целост задоволна од настапот на Уругваецот и покрај тоа што во последно време се враќа во форма, па размислува да прифати негово заминување на лето.

Доколку трансферот се оствари и Суарез премине во Сити ќе биде убедливо најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. Досегашниот рекорд го држи Герет Бејл кој од Тотенхем премина во реал за 99 милиони евра во 2013 година.

Суарез неодамна постигна два гола против Манчестер Сити на „Етихад“ во победата на Барселона со 2:1 на првиот дуел од 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

Овој 27-годишен фудбалер од лето е член на Барселона, а претходно настапуваше за Ливерпул, Ајакс, Гронинген и Национал.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега