Поранешниот на Беквалац: Зошто никој не пишува за мојата прва жена?

Поранешниот ватерполист, а денес угостител Данило Икодиновиќ ги демантираше насловите во медиумите во кои наводно рекол дека му се повраќа од Наташа Беквалац.

-Не е вистина дека сум го рекол тоа. Мојот коментар беше дека не морам јас се да знам, а тоа се два различни контекста. После стотиот повик од страна на новинарите мојот одговор беше дека ми се повраќа од целата таа приказна и барање коментари од мене, а тие наслови кои излегуваат не се мои зборови, изјави Дача.

41891-bekvalac-ikodinovic01-ras-foto-zoran-ilic

На инсистирање на новинарот да признае дека тоа сепак било дел од неговиот живот, Икодиновиќ директно вели:

-Е сега навистина ми се повраќа, ако тоа е дел од мојот живот јас ќе се убијам. Кога влегував во брак со неа јас имав кариера на успешен спортист, а на кое ниво беше таа тогаш во тоа не навлегувам. Пред несреќата јас бев спортист, а после разводот не бев тој кој правеше сензација од целата приказна, јас молчев. Дури кога нешто сум рекол новинарите го вадеа од контекст за таблоидите да се пополнуваат, затоа немам врска со приказната, а во последните две години не давав ни интервјуа. Еве мојата прва жена е преубава, зошто за неа никој не пишува? Кој сака сензација, тој и ќе добие, изјави Данило.

1328585176-10649

Првата сопруга на Данило, Ања со која ја има ќерката Андреа, во една пригода изјави дека таа го сакала Данило повеќе отколку тој неа и никогаш не и дозволувал да дава изјави за медиумите за разлика од Наташа Беквалац со која ги полнел насловните страници.

Тие се венчале 2000 година и биле во брак само три години. На раката Данило го има истетовирано името на нивната ќерка Ања. Тој ја има и ќерката Хана од бракот со Беквалац.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега