Го евакуирале целото кино: Почнала да повраќа на „50 нијанси на сиво”

Една Британка направила хаос во локално кино, кога на проекцијата на филмот „50 нијанси на сиво“ се појавила пијана. Но, тоа било само почетокот, а се завршило со евакуација на киното.

Проекциите на филмот „50 нијанси на сиво“ се чини дека се преполни со несекојдневни случувања. Откако неодамна една жена во Мексико беше уапсена затоа што мастурбирала за време на филмот, сега поради една Британка во Милтон Кејс, било евакуирано целото кино.

Таа, како што пренесува британски Mirror, во киното дошла во алкохолизирана состојба, па нејзиното тело среде проекција одлучило дека било – доста.

На ужас на оние кои седеле околу неа, засега неименуваната жена, почнала да повраќа по седиштата и по гледачите, а покрај тоа, како што кажале сведоците, ѝ попуштиле и останатите телесни отвори.

„Сите очекувавме Кристијан Греј да ја замолчува Анастасија во сексуалните игри на големиот екран, но не дека и нас гледачите ќе не` замолчи и шокира пијана жена“, изјавил еден од гледачите.

„Целата просторија ужасно смрдеше. Не сум сигурна колку години имаше, но беше толку пијана што не можеше да се мрда. Буквално мораа да ја изнесуваат надвор.“

„Нередот кој го остави во киното беше едноставно одвратен“, кажала една од присутните гледачи за британски Mirror.

Очекувано, проекцијата била прекината а просторијата била вакуирана. Повикале Брза помош, но и полиција.

Извор: Точка.мк

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега