Еве колку минути предигра се потребни за незаборавен оргазам

За незаборавен оргазам мора и малку да се потрудите, не е доволно само да чекате да дојде сам од себе. Еве како да постигнете оргазам за паметење...

 

 

Прескокнување на предиграта никогаш не е добра идеја. Дури и ако сте еден од оние кои не сакаат да губат време, мислите дека вашиот партнер или партнерка не сака предигра или едноставно не сте сигурни што би требало да правите, прескокнувањето на предиграта нема да ве одведе до незаборавен оргазам.

Секако, со ова тврдење не сакаме да порекнеме дека сексот на брзина понекогаш е одличен и дека може да ве доведе до жесток оргазам.
„Некои луѓе мислат дека исклучиво самиот сексуален чин е главниот настан, но оние поискусните во сексот знаат дека често предјадењето (предиграта) е поважно и повкусно од главното јадење (сексот)“, вели сексологот Сари Локер.

Во прилог на нејзиното тврдење оди и истражувањето кое покажало дека на мажите и жените им се потребни 18 минути предигра за на крајот да доживеат целосно задоволство.

„Големо возбудување може да почувствувате од бакнеж, допири, па и орален секс кои понекогаш можат да бидат посилни, пожестоки и повозбудливи од самиот сексуален чин. Клучот на секоја предигра е добро да размислите за тоа што сакате и што ве пали. Во тој случај, многу е важна комуникацијата измеѓу партнерите и откривање на скриените желби и фантазии“, вели Локер.

Уште еден начин на кој можете да го зачините вашиот сексуален однос е експериментирање со петте сетила.

„Затемнете го светлото, ставете го на себе омилениот парфем, играјте си со храна за време на предиграта и користете наизменично груби и нежни допири“, советува Локер.

Извор: Точка

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега