Мадона сака да „испие една чашка“ со Марин Ле Пен

Претседателката на фарнцускиот екстремнодесничраски Национален фронт (ФН) денеска соопшти дека „со задоволство“ ја прифатила поканата за средба на поп ѕвездата Мадона, јави дописникот на МИА од Париз.

- Со задоволство ја прифатив поканата на Надона. Ги почитувам луѓето кои имаа потези на добра волја, изјави Ле Пен.

Поп ѕвездата, која вчера беше гостинка на француската телевизија Канал Плус, изјави дека „сака да се напие една чашка со Марин Ле Пен, за да слушне од нејзина уста што е она во што таа верува“, истовремено изразувајќи поддршка на магазинот „Шарли Ебдо“ во кој „животите не беа изгубени напразно“.

Мадона, чиј нов албум „Бунтовно срце“ излегува оваа недела, при нејзината последна турнеја во 2012 објави видео снимка на на која Марин Ле Пен се појавува многу кратко со кукаст крст на челото.

На концертот во салата „Олимпија“ во јули 2012 година, Мадона не го презентираше овој контрозверзен видео спот, туку само ја поздрави толеранцијата во Франција.

Минатиот јуни по изборите за новиот Европски парламент, Мадона на својот Инстграм профил изрази загриженост поради победата на Националниот фронт во Франција. 

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега