Сингапур повторно најскап град во светот

Сингапур ја задржа позицијата на најскап град на светот, а како и на минатогодишната листа по него се Париз, Осло, Цирих и Сиднеј, објави истражувачката агенција Економист интелеџенс јунит. 

Истражувањето опфати 133 градови ширум светот, а како основа е земен Њујорк, додека во споредбите се опфатени 160 услуги и производи, вклучувајќи храна, облека и режиски трошоци. 

Во областа на основните животни намирници Сингапур е 11 отсто поскап од Њујорк, а заедно со Сеул е најскапо место за купување облека на светот, со цени, кои се 50 отсто повисоки отколку во Њујорк.

Сингапур има и високи цени на автомобилите, а трошоците за превоз се речиси три пати повисоки од Њујорк. 

Податоците собрани во ова истражување се наменети за пресметување на трошоците за живот за оние кои сакаат да го сменат местото на живеење, како и за деловните патници. 

На листата најевтини градови во светот, според истражувањето челната позиција ја зазеде Карачи во Пакистан, а по него следуваат Бангалор, венецуелскиот главен град Каракас и индиските градови Мумбај и Ченај.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега