ВИДЕО: Спектакуларна снимка од срцето на вулканот

Истражувачот Сем Кросман неодамна инсталирал ГоПро камера на беспилотно летало и го усмерил кон кратерот на активниот вулкан Вануату, кој се наоѓа во Океанија.

Високата температура, чадот и пепелта на крајот го уништија дронот кој се сруши во кратерот, но тоа што е забележано на снимката пред тоа го одзема здивот.

-Тоа е увид во срцето на Земјата, како да ги слушате отчукувањата на срцето на нашата планета, изјави Кросман.

Главната цел на оваа мисија не била да се снимат кадри од кои застанува здивот, туку научниците да дознаат повеќе за животот на микробите во екстремни услови. Задачата на дронот била да направи 3Д фотографии од кратерот, на основа на кои научниците би дознале повеќе за екосистемот на тоа место.

Иако било каков живот во самиот кратер е невозможен, геобилогот од Технолошкиот универзитет во Калифорнија Џефри Марло вели

- Сознанието на кој начин микробите ги колонизираат вулканските камења е добар показател на тоа што се случило на нашата планета за време на вториот геолошки период.

На Земјата постојат околу 1.500 вулкани, од кои околу 500 биле активни од почетокот на човештвото.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега