Еве зошто треба да спиете голи

Не само што е неверојатно секси, спиењето без облека влијае на квалитетот на сонот, масните наслаги, како и на зголемување на хормонот на љубов и среќата.

Подобар квалитет на сонот

Австалиски научници, откриле дека некои облици на несоница можат да бидат предизвикани од неприкладна регулација на температурата за време на ноќта. Другите истражувања покажуваат дека токму отстранувањето на предметите со кои се регулира температурата на телото се причината за подлабок сон. Холандските научници откриле дека во рамките на истражувањето, испитаниците се облекувале во термо одело за да се намали температурата на кожата без влијание на телесната температура. Резултатот е непрекинат сон и повеќе поминато време во длабок сон. Затоа, ако во креветот носите топла облека и се покриете со дебели ќебиња, тоа може негативно да влијае на квалитетот на сон.

Ги намалува масните наслаги на стомакот, како и нивото на кортизолот

Природното телесното ладење може да помогне во намалување на нивото на хормонот на стрес, кортизол, кој е одговорен за бројните пореметувања, висок крвен притисок, високо ниво на холестерол, лош сон, зголемен апетит, хормонски дисбаланс, слабеење на имунолошкиот систем.

Кога вашето тело одмора помеѓу 22 часот и 2 часот после полноќ, нивото на кортизол го достигнува својот минимум. По тоа, жлездите кои го произведуваат почнуваат зголемено да работат за да го подготват телото за следниот ден, давајќи му енергија за да стане. Кога не сте доволно наспани, се будите со зголемено ниво на кортизл кој го стимулира апетитот што влијае на дебелеењето.

Поздрава телесна конституција

Хормонот на раст е исто така важен за опоравувањето на ткивото, а пониската температура на телото го зголемува неговото ниво.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега