„Амајлија бенд“:Снимија свадбарска песна за да обелоденат дека сите шест членови на групата меѓу себе се кумови!

„Амајлија бенд“  снимањето на спотот за свадбарската песна „Татков благослов“ го искористија за прв пат во јавноста  да обелоденат и дека  сите шест членови на групата меѓу себе се кумови,  тајна што до сега ја знаеја само нивните блиски и пријателите.

„Амајлија бенд“  од Пробиштип  на македонската музичка сцена постојат речиси 10 години. Деновиве тие го снимија својот осми спот за нивната нова песна, која е  всушност е дует со популарниот Цаки, пејачот на  групата „Кис ми“.

6amajlija

Песната е со свадбарска тематика  и е  насловена “Татков благослов”, за која  музиката ја напиша  Никола Георѓиев.

5amajlija

 

“Спотот се снимаше во село Лесново, Пробиштип на повеќе локации. Ова ни е втор пат да снимаме таму. Тоа е едно прекрасно место со преубав манастир и невообичаена природа која останува запаметена. Текстот на песната не дозволува модерен спот, па затоа одлучивме видеото да го снимаме токму тука” – изјавија членовите на  Амајлија.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега