Червар: Можеби е време да заминам од Македонија

Тренерот на Металург Лино Червар во интервју за хрватскиот „Вечерњи Лист“ откри дека до крајот на сезоната сигурно останува во Автокоманда, а потоа ништо не се знае.

Како што стојат сега работите, Червар најверојатно по крајот на сезоната ќе замине од Металург, тим со кој во изминатите неколку години направи големи успеси. Токму тоа се амбициите на хрватскиот стратег.

Како што самиот вели тој се уште е гладен за успеси и трофеји, но во моментов Металург не може тоа да му го обезбеди.

-До крајот на сезоната сум тука, а потоа ќе видиме. Можеби е време да ја напуштам Македонија, бидејќи се уште сум гладен за победи и трофеи. Би сакал повторно да направам нешто големо со некој мал клуб, изјави Червар.

На прашањето дали можеби Катар е негова следна дестинација Червар изјави дека финансиски е независен и не сака брза заработувачка. Неговата желба е да работи во силни и сериозни лиги и клубови, а Катар не е такво нешто.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега