Ван Гал одлучил: Фалкао нема да настапува за Јунајтед наредната сезона

Радамел Фалкао наредната сезона нема да игра за Манчестер Јунајтед, одлучил тренерот на „Црвените ѓаволи“ Луј ван Гал.

Колумбискиот напаѓач кој на „Олд Трафорд“ настапува како позајмен фудбалер од Монако, не го убедил Холанѓанецот дека вреди да се издвојат 55 милиони евра за него и да се откупи договорот од францускиот тим.

Фалкао на 17 одиграни натпревари постигна четири голови, а тоа е премалку од фудбалер од кој се очекуваше сезонава да постигне најмалку 20 погодоци.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега