ФОТО+ВИДЕО: Пронајдена гоблин ајкула која личи на вонземјанин

Најновото откритие, ретката гоблин ајкула со уста слична на вонземјанин ќе ве прогонува во кошмарите. Рибата е лоцирана во јануари крај брегот на Иден, а ја уловил рибар и му ја предал на австралискиот Музеј за истражување.

Има розево меко тело и голема рамна муцка со пори кои ги користи за откривање на пленот. Кога ќе забележи храна, нејзината вилица која е преполна со остри заби, практично излегува од лицето и го јаде секое суштество во целост.

-Ова е прилично импресивно, не е одвратна, преубава е, изјави колекционерот на риби и менаџер во музејот Марк Мекгрутер.

Гоблин ајкулата датира уште од пред 125 милиони години и живее на длабочини од преку 100 метри под површината на океанот.

 

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега