Очекуван триумф на МЗТ Скопје против Струмица

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром очекувано славеше победа над Струмица со 107:45 .
 
Во мечот од 15.коло одигран попладнево во Струмица, актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром уште по првата четвртина која ја доби со 26:9 најави дека ќе ја оствари десеттата победа сезонава. 
 
Дури петмина кошаркари кај победникот имаа двоцифрен број на поени. 
 
По 18-поени Стефан Синовец и Марко Симионовски, додека Урош Лучиќ беше стрелец на 16 поени. Спредраг  Самарџиски имаше „дабл-дабл„ учинок од 11 поени и скокови, додека двоцифрен беше и Сеад Шеховиќ кој постигна 10 поени.
 
Потсетување на резултатите од останатите натпревари од ова коло кои беа одиграни во саботата: Фени Индустри - Гоце Делчев 109:86, Карпош Соколи - Водњански лисици 92:83 и Кожув – Работнички 85:73.
 
Инаку, во овие моменти, во Кавадарци се игра и заостанатиот натпревар од 14.коло во кој Фени Индустри е домаќин на Куманово.
 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега