Металург поразен на гостувањето кај Нексе

Ракометарите на Металург се поразени од Нексе со 25:19, во натпревар од 17.коло на регионалната СЕХА лига, На средбата одиграна вечерва во Нашице. 
 
Македонскиот шампион Металург по воведните 8-минути трипати беше во предност. Во наредните четиринаесет минути, избраниците на Червар постигна само 3, а примија 6 гола, па во 22 минута имаа негатива од 4 гола (10:6). До крајот на првиот дел Металург возврати со серија од 4:2, па на одмор замина со негатива од два гола 12:10.
 
Во второто полувреме домашниот тим од минута во минута ја зголемуваше предноста, а највисоката изнесуваше 10 гола (22:12), за на крајот Нексе да забележи победа со конечни 25:19. 
 
Мартин Манасков со 5 постигнати голови беше најдобар стрелец во редовите на Металург.
 
И покрај овој пораз за Металург остануваат шансите за освојување на шестото место. 
 
Нексе има само еден бод повеќе и само еден натпревар до крајот на сезоната (против Борац), додека Металург ќе треба да одигра уште два натпревари. Веќе во петок (6 март) тимот од Автокоманда му гостува на Борац, а во последниот меч пред својата публика на 15 март го пречекуваат составот на Мешков Брест. 
 
Табела: Вестпрем 51 бода, Вардар 42, Загреб 33, Татран Прешов 30, Мешков Брест 30, Нексе 16, Металург 15, Војводина 10, Борац 7 и Раднички 7. 
 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега