Куманово се пласира во четвртфиналето на БИБЛ лигата

Кошаркарите на Куманово ќе играат во четвтфиналната рунда на регионалната Балканска лига (БИБЛ), благодарејќи на денешниот последен меч од втората групна фаза во ова натпреварување, во кој косовската екипа Пеќ славеше победа на гостувањето во Црна Гора кај Морнар со 72:65.

Со оваа победа екипата на Пеќ го освои првото место во групата „Ц’’, а со тоа и директно се пласира на „Фајнал-фор’’ турнирот. Екипата на Куманово заврши како второпласирана, па заедно со романската Крајова обезбедија место во плејофот.

Куманово во четвртфиналето ќе игра против екипата на Рилски спортист од Бугарија. Првиот меч кумановци ќе го на гостински терен во Самоков, а реваншот пред својата публика во Куманово.

Втората четвртфинална двојка ќе го сочинуваат Сигал Приштина и Крајова, а подобриот тим во полуфиналето ќе му биде противник на Кожув.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега