ФОТО: Гвардиола му го оштетил автомобилот, а тој барал селфи

Тренерот на Баерн Пеп Гвардиола во Минхен предизвикал мала сообраќајна несреќа во која никој не бил повреден, но која имала малку необичен исход.

Популарниот тренер, како што пренесуваат германските медиуми, со својот автомобил удрил во автомобилот пред него, а кога возачот излегол и го видел Гвардиола само се насмеал и побарал едно „селфи“ со тренерот на Баерн.

Непознатиот граѓанин воопшто не обрнал внимание на малите оштетувања на неговиот автомобил, само му било важно да направи една фотографија со Гвардиола.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега