Аца Лукас: Мојот убиец живее во Америка

Во медиумите повторно осамна вест дека Александар Вуксановиќ загина во сообраќајна незгода, што предизвика бурни реакции кај фановите. За среќа, оваа вест не е вистинита! Аца Лукас го демантираше ова и вели дека личноста која го објавила ова се наоѓа во Америка и ќе биде кривично гонета.

Во изминатите неколку месеци познатиот пејач повеќе пати беше лажно прогласен за мртов. Но овој пат изворот на оваа бизарна информација е лоциран и ќе биде соодветно казнет.

- Страшно е што прават болни умови. Не знам како е можно тоа да му падне некому на памет. Но важно е да му се застане на патот на овој болен човек, изјави Лукас.

Да ве потсетиме дека во 2012 беше објавено за прв пат дека Аца загинал, на што тој шеговито изјави: „Еве се враќам од сопствениот погреб“.

Извор: Вистина.мк

 

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега