Гледачите се враќаат на стадион: Над 4.000 публика се очекува на градското дерби Вардар - Металург

Над 4.000 гледачи очекува управата на ФК Вардар на престојното  градско дерби против Металург во рамките на првата фудбалска лига кој во недела во 14:00 часот ќе се одигра на Филип Втори Арена.
„Во недела според најавите (анкети и официјалната страна на ФК ВАРДАР), на натпреварот Фк ВАРДАР - Фк Металург се очекува да има околу 4000 гледачи,што е голем напредок за разлика од претходните сезони.“

Вардар е во трка со Работнички за првото место на табелата.

Во моментов најтрофејниот македонски фудбалски клуб има 41 бод, три повеќе од ривалот Работнички. Трета е Шкендија со 33 бода.

 

Работнички во сабота е домаќин на Хоризонт Турново, а Ренова ќе игра дома со Брегалница. Мечевите почнуваат во 14 часот.
Во недела во Кратово Силекс ќе го пречека Тетекс, а Шкендија ќе му биде домаќин на Пелистер.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега