Симеоне одби нов договор со Атлетико

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го одби новиот договор, бидејќи сака на лето да седне на клупата на Манчестер Сити.

Според британските медиуми Аргентинецот не сакал да го продолжи договорот до 2022 година, затоа што се надева дека следната сезона ќе го наследи Мануел Пелегрини на клупата на „граѓаните“.

Пелегрини е под голем притисок од управата на клубот која бара барем еден трофеј сезонава. Сити е елиминиран од ФА Купот и Лига купот, во Лигата на шампионите има негатива (1:2) по првиот осминафинален дуел со Барселона, а шансите за освојување на Премиер лигата исто така се мали со оглед на заостанувањето зад Челзи кој има пет бода предност и натпревар помалку.

Актуелниот договор на Симеоне со Атлетико е до 2017 година.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега