Станиќ ги смени клубските бои - замина на печалба во Кувајт

Довчерашниот голман на Металург, Дарко Станиќ својата играчка кариера ќе ја продолжи во Кувајт, барем до крајот на актуелната сезона.

Неговиот досегашен клуб Битенгхајм нема шанси да се спаси од испаѓање од Бундес-лигата, па српскиот голман одлучи да тргне на кратка авантура. Од 19 март до 1 април ќе го носи дресот на Кувајт Спорт Клуб и со него ќе учествува на Купот на Заливот

Уште одамна, Станиќ се договори со Рајн Некар Левен од идната сезона да стане член на овој клуб како замена за Никлас Ландин кој се сели во Кил.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега