Роналдо за 2 милиони евра „потежок“ од Меси

Ѕвездата на Реал Мадрид и португалската репрезентација Кристијано Роналдо и оваа година е на врвот на листата најбогати фудбалери во светот која ја направи „Гоал“.

Роналдо и минатата година беше најбогат фудбалер на светот, но во изминатите 12 месеци неговите приходи дополнително пораснале, па сега со богатство од 210 милиони евра се наоѓа на самиот врв, пред второпласираниот Лионел Меси.

Крилниот напаѓач ја „билда“ својата сметка пред се од големите бонуси на Реал, потоа од Светското клупско првенство, но и со освојувањето на Златната топка. Покрај ова, тука се и комерцијалните договори со Тојота, Хербалајф, Самсунг, Најк и други компании.

Според најновите пресметки, Меси зад Роналдо заостанува со „само“ два милиони евра, додека на третото место е Нејмар, пред се благодарејќи на трансферот од Сантос во Барселона.

Златан Ибрахимовиќ е на четвртото место, додека листата од најбогатите пет фудбалери ја заокружува Вејн Руни со богатство над 100 милиони евра.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега