Борко фантастичен меѓу стативите во Кретеј

Нашиот ракометен чувар на мрежата Борко Ристовски, синоќа имаше феноменална вечер на голот на Кретеј во мечот против Истр, кого го совладаа со 30:26.
Одличната партија ја зачини со 15 интервенции, а Кретеј успеа да триумфира и да се пласира во понатамошната фаза од куп натпреварувањето во Франција.
 
 
За жал, ждребот во следната фаза не им беше наклонет на Кретеј, тие во следната фаза ќе мора да се соочат со фантастично силниот тим на ПСЖ.

Од останатите четвртфинални двојки, Монпелје ќе вкрсти против Тулуз, Шамбери на македонскиот селектор Ивица Обрван ќе игра против Иври, кој што е единствена екипа од понизок ранг во Франција, Рен - Нант, и Кретеј - ПСЖ.

Бранител на овој трофеј од минатата сезона е тимот на ПСЖ, кој сигурно и оваа година има највисоки аспирации за одбрана на трофејот во францускиот куп.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега