ФОТО/ВИДЕО: Ѓоковиќ предизвика општо лудило во Краљево

Отворениот тренинг на српската Дејвис куп репрезентација во спортската арена во Краљево, пред петочниот старт на дуелот против Хрватска беше проследен од над 2500 луѓе.

Граѓаните од ова место имаат ретка можност да го видат во живо најдобриот рекет во светот, па оттука голем број жители на овој мал град побрзаа да се сретнат со идолот на сите генерации. Најбројни беа децата кои дојдоа организирано од своите училишта, но доаѓањето во Краљево на најдобриот светски тенисер беше магнет и за многу постарите од нив.

Една од причините за отворениот тренинг беше скандалот со билети за дуелот против Хрватска, па тенисерите се обидоа да им надоместат на сите оние кои не успеаја да дојдат до влезници. Ѓоковиќ се покажа како одличен домаќин и им обрна внимание на најголемиот дел од децата.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега