Уапсено поранешното раководство на Осасуна

Регионалниот суд во Навара денеска соопшти дека се уапсени три лица од поранешното раководство на Осасуна, поради проневера на околу 2,4 милиони евра од клупската каса.

Меѓу уапсените се поранешниот претседател на Осасуна и двајца некогашни членови на Управниот одбор на клубот. Сите тројца ќе останат во притвор до утре наутро.

Апсењето следеше откако полицијата откри дека во периодот од ноември 2013 до јуни 2014 година од касата на клубот исчезнале околу 2,4 милиони евра.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега