Алонсо имал амнезија: Сакам да станам возач на Ф1

Поранешниот шампион на Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо имал куса потполна амнезија, мислејќи дека е 1995-та година, пренесува „Ел Паис“.

Тој имал потрес на мозокот во текот на неодамнешниот судир на тренингот во Барселона. Како што тврди шпанскиот весник, Алонсо по кусото бесознание се разбудил дезориентиран, мислејќи дека е 1995-та година и дека како 13-годишник се натпреварува во картинг.

-Се викам Фернандо, се натпреварувам во картинг и сакам да станам возач на Формула 1, одговороил Алонсо на основното прашање кое се поставува во случај на потешка повреда на главата.

„Ел Паис“ пренесува дека Алонсо во еден момент воопшто не се сеќавал на последните 20 години. За среќа, памтењето брзо му се вратило.

Алонсо ќе ја пропушти првата трка од сезоната која на 15-ти март се вози во Мелбурн за големата награда на Австралија.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега