Христина Ристеска го освои последното место на 400 метри на Европското првенство во сала

Македонската атлетичарка Христина Ристеска го освои последното место во квалификациите на 400 метри во рамките на Европското првенство во сала што се одржува во Прага. Таа патеката ја истрча со време 57.95 секунди со што се пласира на 28. место.
 
Најдобар резултат во квалификации постигна Французинката Мари Гајо – 53.04 секунди.
 
Утре во квалификациите на 60 метри на стартот ќе се појави и македонскиот атлетичар Ристе Пандев.
 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега