Ракометарките на Вардар преживеале драма: Мислевме дека ова е крајот!

Ракометарките на Вардар преживеале вистинска драма откако нивниот авион едвај слетал на аеродромот во Љубљана. „Вардарки“ денес го играат натпреварот со Крим во Лигата на шампионите, а при летот преживеале хаос.

-Беше хаос. Авионот започна со слетување и започна да се лула. Во прв момент помисливме дека е само турбуленција, бидејќи така изгледаше, ветерот започна да дува се посилно како што се спуштавме. Го видовме градот и пистата, но тогаш авионот се накриви и започна да пропаѓа. Многумина започнаа да врискаат, по што одеднаш се крена нагоре, вели Јованка Радичевиќ и додава дека никој не им се обратил. Стјуардесата занеме, а пилотот се јави 15 минути откако заврши целата сцена и кажа дека сме биле под силен страничен ветер и дека ќе се обиде да дојде до пистата од другата страна. Верувајте, беше ужасно, дури и некои од нас кои немаат страв од летање мислеа дека то е крајот. Сите имавме мачнини, бевме во очајна состојба. Долго не можев да дојдам на себе, додава Радичевиќ.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега