Бјанки уште во кома- шансите за чудо сè помали

Во сенка на бавното закрепнување на Михаил Шумахер, се одвива уште една борба за живот на возач на Формула 1, онаа на Французинот Жулс Бјанки.

 

Младиот возач на Марусија доживеа тешка несреќа на патеката Сузука во Јапонија на 5-ти октомври минатата година и за жал и по пет месеци неговата состојба не е променета.

Иако нема никакви информации за состојбата на Бјанки, Билд тврди дека тој и натаму е во кома во болницата во Ница. Колку подолго телото се наоѓа во таква состојба, толку шансите за опоравување се мали. Во овој случај тие се сведени на чудо, пишува весникот.

 

Инаку, пред три месеци ФИА по спроведената истрага утврди дека Бјанки доволно не ја намалил брзината и со тоа си пресудил сам на себе. Следуваше страшен удар во дигалката кој резултираше со тешки повреди на главата и борба за живот која се уште трае.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега