Агентот на Ибра: Тој ќе игра уште 10 години

Мино Раиола, познатиот фудбалски агент верува дека Златан Ибрахимовиќ ќе игра уште десетина години.

 

-Златан има договор со ПСЖ уште година ипол. Среќен е во Париз, но не знам дали кариерата ќе ја заврши таму. Верувам дека ќе игра до 42 или 43 години, но не верувам дека толку долго ќе биде во Париз, истакнал агентот на 33-годишниот напаѓач.

 

Раиола му е агент и на Пол Погба, еден од најбараните фудбалери на денешницата.

 

-Погба? Тој го продолжи договорот во Јувентус. Всушност има малку клубови кои може да го купат, вели фудбалскиот агент.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега