Претседателот на МКФ Димевски одговори на иницијативата за вонредно собрание

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација Даниел Димевски по повод иницијативата за вонредно собрание на МКФ поднесена денеска од страна на кошаркарскиот клуб „Карпош Соколи“ со поддршка од 22 клуба одговори во писмена форма.

Димевски воедно постави прашања до подносителот, дали некому му смета успехот на македонскта кошарка и континуитетот на учество на последните четири Европски првенства, регуларноста на првенствата каде најдобрите ги освојуваат титулите, потоа најинтересната и најквалитетна лига во регионот и дека МКФ е чиста спортска организација.

Во поднесеното барање од КК „Карпош Соколи“ Димевски гледа лична желба на поединци, а прилогот го смета за фалсификат од секој аспект. Иницијатива се поднесува на заверен образец од МКФ, со име презиме, потпис, печат на овластено лице, со утврден идентитет на овластеното лице. Од ова во прилогот нема ништо, а во соопштението на Димевски се наведува дека подносител не може да биде лице кое е под суспензија на сите функции во МКФ.

Претседателот на МКФ истакнува дека вистинската волја на клубовите била искажана на редовното годишно собрание одржано на 21 февруари 2015, слободно, јасно и недвосмислено, едногласно изразија целосна поддршка на МКФ и претседателот лично, за што ќе посведочат и многубројните медиуми и ценети гости. Притоа Димевски во соопштението вели дека иницијативата е инспирирана од градоначалниците Ивица Коневски и Стевчо Јакимовски.

Истовремено Димевски јавно праќа порака до секој еден заинтересиран за позицијата претседател на МКФ, да искаже желба за кандидатура, а тој лично, со сиот свој авторитет веднаш ќе закаже изборно собрание каде секој потенцијален кандидат ќе може да се соочи со него на избори, како што и доликува на реномирана спортска институција како што е МКФ, се вели во соопштението на претседателот на МКФ, Даниел Димевски објавено и на официјалната интернет страница на Македонската кошаркарска федерација.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега