Реал Мадрид не го сака финалето на „Кралскиот куп“

Кралскиот клуб Реал Мадрид не сака на неговиот стадион „Сантијаго Бернабеу“ да се игра финалето на „Кралскиот куп“ меѓу Барселона и Атлетик Билбао, пренесуваат медиумите во Шпанија.

- Не сакаме финале на нашиот стадион, ниту финале на Лигата на шампионите, но подготвени сме да бидеме домаќини на репрезентацијата на Шпанија, изјави за шпански „АС“, портпаролот на Реал.

Оправдување за оваа одлука може да има и во можноста Реал Мадрид Б истиот ден да игра квалификациски натпревар за влез во Втората шпанска лига.

По оваа одлука Валенсија и стадионот „Местаља“ се најголеми фаворити за организација на финалето на „Кралскиот куп“ од причина што стадионите на Барселона („Камп Ноу“) и на Атлетик („Сан Мамес“), Фудбалската федерација на Шпанија ги исклучи како домаќини.

Финалето меѓу Барселона и Атлетик Билбао ќе се игра на 30 мај. 

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега