Крим на колена пред моќните „Вардарки“

Ракометарките на ЖРК Вардар вечерва остварија висока победа од 47:29 (24:12) на гостувањето во Љубљана против Крим. Ова беше последно гостување за „вардарки“ во групата 1 од Лигата на шампионите и со оваа победа ЖРК Вардар се искачи на третото место на табелата.

Одличната игра од самиот почеток на избраничките на Индира Кастратовиќ им ја донесе првата гостинска победа во групата од главната фаза. На полувремето ЖРК Вардар имаше предност од 24:12, а на почетокот на вториот дел предноста беше и +14 голови. Крим со серија од 6:1 успеа да намали на 26:35, но потоа до крајот на натпреварот ЖРК Вардар постигна 12 гола, а противниокот само три за конечни 47:29 што беше и највиско водство.

Андреа Пенезиќ кај ЖРК Вардар постигна 11 голови, додека Маја Сокач беше стрелец на 6, а по 5 голови постигнаа: Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ и Сираба Дембеле. Во редовите на Крим, Тамара Мавсар постигна 11 голови, а македонската интернационалка Мирјета Бајрамовска 4.

Од групата 1 утре играат Лајпциг – Будуќност , а во недела е дуелот Динамо Синара – Турингер.

Табела: Будуќност 15 бодови, Динамо Синара 10, ЖРК Вардар 9, Турингер 8, Лајпциг 6, Крим 2.

Во последното коло од групата следната сабота ЖРК Вардар игра со руската екипа Динамо Синара. 

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега