Савичевиќ за лобот од 1994 - да размислував ќе утнев

Генијалниот лоб, по кој и топката и голманот Андони Зубизарета се најдоа во мрежата, и ден денес се памети и прераскажува меѓу сите љубители на фудбалот. 

„Да размислував во таа ситуација, сигурно не би погодил. Кога топката отскокна, видов дека голманот премногу се имаше оддалечено од линијата и веднаш одлучив да шутирам - се присетува црногорскиот ас на мајсторијата од Атина на 18 мај 1944 година во интервјуто за сајтот на УЕФА. Во моментот на ударот, веќе знаев дека ќе биде гол. Шутот беше прцизен, и доволно силен, така што малтене истиот момент почнав да се радувам.

Поранешниот репрезентативец на Југославија, призна дека таквите погодоци и не се баш некој негов „специјалитет“.

„Не бев од оние играчи кои со трикови се обидуваа да го измамат голманот. Мојот соиграч од Црвена Ѕвезда Роберт Просинечки беше подобар од мене во тие работи“, се присети Савичевиќ.

 

 

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега