Металург се подалеку од завршниот турнир во СЕХА лигата

Ракометарите на македонскиот шампион Металург синоќа претрпеа нов пораз во СЕХА лигата со што ги намалија шансите за пласман на завршниот турнир во Веспрем. Поуспешни од нив беа ракометарите на Борац, кои на домашен терен го победија Металург со 27:21. Домашниот тим имаше предност во текот на целиот натпревар и сосема заслужено стигна до третата победа во СЕХА лигата оваа сезона, пренесува МИА.

Ратко Николиќ со 8 голови беше најефикасен, додека кај Металург новиот играч Јања Војводиќ беше најефикасен со 5 голови.

Вечерва вториот македонски тим и актуелен шампион на СЕХА Вардар е домаќин на лидерот на табелата Веспрем. Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот. За двата тима ова е последен натпревар во лигашкиот дел.

Покрај овој дуел играат уште Мешков Брест - Татран Прешов и Раднички - ППД Загреб.

Табела: Веспрем 51 бод, Вардар 42, ППД Загреб 33, Мешков Брест 30, Татран Прешов 30, Нексе 16, Металург 15, Војводина 10, Борац 10, Раднички 7.

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега