Лазовиќ: Победата ја обезбедивме во првите десет минути

Ракометарките на Вардар со убедлив триумф се враќаат од гостувањето од Љубљана. Синоќа совладан беше Крим со 47:29 и сега „вардарки“ се во очекување на резултатите од другите два натпревара од колото за да знаат од која позиција ќе стартуваат во пресрет на последниот дуел од групата со Динамо Синара во Скопје следната сабота, пренесува МИА.

По дуелот со Крим поранешната ракометарка на словенечкиот состав, а сега членка на Вардар, Барбара Лазовиќ (постигна 4 голови) за словенечките медиуми изјави дека двата бода им биле потребни.

- Двата бода ни беа потребни и затоа со сите сили се боревме да ги освоиме. Победата ја обезбедивме во првите 10 минути, а потоа ја контролиравме играта. Емотивно беше поинаку да играм тука (Љубљана) како противнички играч, сепак убаво е да си дома, рече Лазовиќ.

Од групата 1 денеска се играат Лајпциг – Будуќност, а утре е дуелот Динамо Синара – Турингер. „Вардарки“ во моментов со 9 бодови се на третото место, зад Будуќност и Динамо Синара.

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега