Македонска одбрана во НБА: Перо Антиќ успеа да го запре Леброн Џејмс за победа на Атланта

Кошаркарите на Атланта уште еднаш потврдија дека е најдобри на „Истокот" во НБА лига, откако славеа над Кливленд Кавалирс со 106:97.   Одличната одбрана против Леброн Џејмс, кој беше задржан на 18 поени, а притоа имаше и дури девет загубени топки, беше еден од главните фактори за овој триумф на „Јастребите".  За потсетување, Леброн во последните натпревари 4 пати отиде над 30 пени и два пати над 40.

Во таборот на Атланта шест кошаркари имаа двоцифрен ефект, а најпрецизни беа Хорфорд со 19 пред Тиг и Милсап со по 16 поени. Перо Антиќ одигра шест минути од оваа средба и не се запиша меѓу стрелците, но беше одлишен во одбраната. 

Голден Стејт славеше над Далас со убедливи 104:89, за својата 34. двоцифрена победа оваа сезона, додека Харден со трипл дабл од 38 поени, 12 скокови и 12 асистенции го предводеше Хјустон до триумф над Детроит. 

 

Резултати: Вашингтон – Мајами 99:97, Мемфис – ЛА лејкерс 97:90, Орландо – Сакраменто 119:114, Филаделфија – Јута 83:89, Шарлот – Торонто 103:94, Атланта – Кливленд 106:97, Бруклин – Феникс 100:108 (по прод.), Хјустон – Детроит 103:93, Индијана – Чикаго 98:84, Њу Орлеанс – Бостон 98:104, Сан Антонио – Денвер 120:111, Голден стејт – Далас 104:89 

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега