Атланта изненадена на гостувањето кај Филаделфија

Екипата на Атланта синоќа загуби на гостувањето кај Филаделфија што за домашната екипа беше само 14.та победа сезонава.

Со по 19 поени Лук Мбон а Муте и Холис Томсон беа предводници во победата на Филаделфија. Кај Атланта на овој натпревар не настапија: Пол Милсап, Кајл Корвер, Демар Керол и Перо Антиќ. По овој пораз Атланта го загуби првото место и сега најдобар биланс во лигата има Голден Стејт.

Резултати од синоќешните натпревари: Филаделфија - Атланта 92:84, Њу Орлеанс - Мемфис 95:89, Кливленд - Феникс 89:79, Мајами - Сакраменто 114:109 (продолжение), Њујорк - Индијана 86:92, Минесота - Портланд 121:113, Милвоки - Вашингтон 91:85, Денвер - Вашингтон 100:114.

Пласман Источна конференција: Атланта 49-13 (победи-порази), Чикаго 39-24, Кливленд 40-25, Торонто 38-24, Вашингтон 35-28, Милвоки 33-29, Индијана 28-34, Мајами 28-34,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 48-12, Мемфис 44-18, Хјустон 43-20, Портланд 41-20, ЛА Клиперс 40-22, Далас 40-24, Сан Антонио 38-23, Оклахома Сити 34-28,...

 

 

Оцени ја веста

08.03.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега