FIBA од следната сезона не ја прифаќа ABA лигата

Европскиот огранок на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) на 4. редовна седница донесе одлука да го укине признавањето на регионалната АБА лига во која се натпреварува и македонскиот шампион МЗТ Скопје.

Како причини за ваквата одлука Бордот на ФИБА Европа се наведени неусогласувања на правилата за натпреварувањето со генералниот статут и правилникот на федерацијата.

- Раководството на АБА не ги исполни барањата од ФИБА за усогласувањето на регулативите со тие на Европската федерација, поради што е повлечена одлуката за признавање на ова натпреварување. За да нема проблеми, со оглед на тоа што сезоната е веќе во тек, повлекувањето на согласноста ќе има ефект од следната сезона, стои во соопштението на ФИБА-Европа.

Во случај да продолжи да функционира АБА лигата, ФИБА Европа може да донесе одлука за забрана на настап на Европски, Светски првенства и Олимпијади на играчите, како и на судиите кои ќе бидат дел од регионалното натпреварување.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега