Петти „трипл-дабл“ на Вестбрук на шест натпревари

Играчот на Оклахома Сити Расел Вестбрук продолжува со серијата одлични натпревари откако ноќеска по петти пат на последните шест натпревари имаше „трипл-дабл“ ефект – 30 поени, 11 скокови 17 асистенции.

Оклахома Сити постигна важна победа во борбата за плеј офот совладувајќи го Торонто со 108:104.

Резултати на другите ноќешни дуели: Сан Антонио – Чикаго 116: 105, Голден Стејт – ЛА Клиперс 106:98, Бруклин – Јута 88:95, Детроит – Шарлот 101:108, Орландо – Бостон 103:98 и ЛА Лејкерс – Далас 93:100.

Пласман Источна конференција: Атланта 49-13 (победи-порази), Кливленд 40-25, Чикаго 39-25, Торонто 38-25, Вашингтон 35-28, Милвоки 33-29, Шарлот 28-33, Индијана 28-34,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 49-12, Мемфис 44-18, Хјустон 43-20, Портланд 41-20, ЛА Клиперс 40-23, Далас 41-24, Сан Антонио 39-23, Оклахома Сити 35-28, Њу Орлеанс 34-29,...

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега