Пенезиќ меѓу трите ѕвезди на ЕХФ

Ракометарката на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ, која беше една од најзаслужните за победата на македонскиот првак против Крим, е избрана од ЕХФ меѓу трите ѕвезди на колото во Лигата на шампионите.

Таа во петокот на гостувањето кај словенечкиот претставник постигна 11 голови од 13 обиди, ефект доволен да и обезбеди место меѓу трите најдобри во колото заедно со Ана Кочетова од Динамо и Кристина Неагу од Будуќност.

Вардар го победи Крим со убедливи 47:29.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега