Олимпик Лион убедлив на гостувањето кај Монпеље

На последниот натпревар од 28.коло од француската Лига 1 синоќа Олимпик Лион постигна висока победа од 5:1 на гостувањето кај Монпеље.

Домашните поведоа со голот на Лукас Бариос во 6.минута. Александр Лаказет во 30.минута од пенал изедначи на 1:1, а десет минути подоцна Набил Фекир донесе водство за гостите од 2:1. Истиот фудбалер во 72.минута зголеми на 3:1, а во судиското надополнување на вториот дел Корентин Толисо и Лаказет постигнаа по еден гол за конечни 1:5. При резултат 1:3 Бариос за домашните не реализираше пенал.

Со овој триумф Олимпик Лион и по ова коло остана лидер на табелата.

Резултати од 28.коло: Монпеље – Олимпик Лион 1:5, Генгамп – Лил 0:1, Сент Етиен – Лориен 2:0, Бастија – Ница 2:1, Каен – Бордо 1:2, Евиан – Монако 1:3, Ремс – Нант 1:0, Рен – Мец 1:0, ПСЖ – Ленс 4:1 и Тулуз – Олимпик Марсеј 1:6.

Табела: Олимпик Лион 57 бодови, ПСЖ 56, Олимпик Марсеј 53, Монако 47, Сент Етиен 46, Бордо 45, Монпеље 42,... 

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега