Валенсија успеа да освои бод кај шампионот

Екипата на Валенсија успеа синоќа непоразена да се врати од гостувањето кај шампионот Атлетико Мадрид играјќи нерешено 1:1 во дербито на 26.коло на Примера.

Атлетико поведе со голот на Коке во 33.минута, а изедначи Шкодран Мустафи во 78.минута.

Беа покажани 13 жолти картони, а во 90-та минута беше исклучен Хави Фуего поради втор жолт картон.

На другите натпревари од ова коло беа постигнати следниве резултати: Виљареал – Селта 4:1, Реал Сосиедад – Еспањол 1:0, Барселона – Рајо Ваљекано 6:1, Гранада – Малага 1:0, Елче – Алмерија 1:0, Атлетик Билбао – Реал Мадрид 1:0, Депортиво – Севиља 3:4 и Леванте – Еибар 2:1.

Вечерва се игра дуелот меѓу Кордоба и Хетафе.

Табела: Барселона 62 бода, Реал Мадрид 61, Атлетико Мадрид 55, Валенсија 54, Севиља 49, Виљареал 48,...

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега