ВИДЕО: Меси најдобар дриблер, Роналдо го нема во Топ 20

Лионел Меси е најдобар дриблер во светот во последните две сезони според анализата на порталот „WhoScored“, со 258 успешни дриблинзи.

Овој податок не е изненадување, но сепак големо изненадување е тоа што на листата на најдобрите 20 дриблери го нема Кристијано Роналдо.

Ѕвездата на Реал Мадрид и освојувач на две Златни топки, во истиот период, односно во изминативе две сезони имал 99 успешни дриблинзи, што не беше доволно да се најде во Топ 20 листата на „WhoScored“.

Зад Меси е Еден Азар со 254, а над 200 успешни дриблинзи имаат уште четворица играчи, сите од Бундеслигата и тоа Роберто Фирмино од Хофенхајм 244, Рафаел од Менхенгладбах со 222, Карим Белараби од Леверкузен со 206 и Ерик Чупо-Мотинг од Шалке со 200.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега