Инзаги ќе ја почитува одлуката на челниците ако тие решат да го избркаат

Тренерот на Милано Филипо Инзаги е подготвен да ја напушти клупата на „росонерите“ доколку управата на клубот смета дека тоа е правилен потег.

Инзаги се најде на удар на медиумите и челниците на клубот по ремито против Верона (2:2) во серија А бидејќи кон крајот на мечот се определи за дефанзивна тактика по што неговиот тим прими гол.

„Многу сме разочарани, верувавме дека ќе излеземе од кризата, но примивме гол како најголеми незнајковци“, вели Инзаги.

„Одигравме одлично, но не успеавме да освоиме три поени“, додава Италијанецот.

„Што се однесува на мојот статус клубот мора да донесе правилна одлука и се останува на челниците“, нагласи тренерот на Милан.

„Гледам само напред и ќе видиме што ќе се случи“, рече Инзаги, а пренесува „Газета дело спорт“.

Главно како можен кандидат за клупата на „росонерите“ се споменуваат тренерот на вториот тим на Милано, Мауро Тасоти и некогашниот соиграч на Инзаги Кристијан Броки.

Милан се наоѓа на 10-тото место на табелата од Серија А со досега освоени 35 бодови

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега