Се изнапромаши со Чикаго - Данкан без кош по 1311 меча

По 1.311 натпревари на кои постигнал барем еден кош од игра, Тим Данкан на 8-ми март 2015-та година прв пат во својата кариера не успеа да постигне ниту еден поен од игра на еден НБА натпревар.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња ги промаши сите осум обиди од игра во лесната победа на Сан Антонио против Чикаго од 116:105.

Колку за споредба, Леброн Џејмс веќе во втората сезона во НБА лигата имаше натпревар без постигнат поен од игра, Шекил О’Нил има два такви меча во својата кариера, додека Коби Брајант дури 23 меча имал нула кошеви.

Данкан 18 сезони играше без грешка, без разлика дали бил повреден или во лоша форма, секогаш постигнувал поени, но за се има крај. Тој на мечот со Чикаго постигна три поени, сите од линијата за слободни фрлања, имаше осум скокови и три асистенции.

Данкан оваа сезона има просек од 14,4 поени и 9,5 скокови по натпревар.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега