ВИДЕО: Икарди со паненка го замолкна „Сан Паоло“

Интер избегна пораз на гостувањето кај Наполи играјќи 2:2 со головите постигнати во последните неколку минути од натпреварот.

Наполи може да жали за пропуштената можност да ги освои трите бода, особено поради големиот број пропуштени шанси во првиот дел, но и поради тоа што имаше водство од 2:0.

Со головите на Марек Хамшик во 51-та и Гонзало Игуаин во 63-тата домаќините дојдоа до големо водство и се чинеше дека без проблеми ќе стигнат до посакуваната победа.

Сепак, Родриго Паласио во 72-та и Мауро Икарди со паненка од пенал во 87-та минута му донесоа голем бод на Интер на ова тешко гостување.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега