Ракометарка на ЖРК Вардар меѓу трите ѕвезди на колото во ЛШ

Со 11 голови од 13 обиди Андреа Пенезиќ беше најзаслужна за победата на ЖРК Вардар на гостувањето кај Крим, со 47-29.

Во изборот на ЕХФ, Пенезиќ се најде меѓу трите ѕвезди на колото заедно со Кристина Неагу од Будуќност и Ана Кочетова од Динамо. Случајно или не, сите три ракометарки се дел од екипи што играат во Група 1 од главната фаза, што покажува на квалитетот на екипите што тука играат.

Пенезиќ со 69 гола се наоѓа на 5 место на листата на стрелци, а лидер е Каролина Кудлач од Лајпциг со 77 гола.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега