Триото на Реал на удар - кој ќе лета од тимот?!

На последните пет меча во Примера, Реал Мадрид забележа две победи, а Кристијано Роналдо не е во претпознатливата форма, па поради тоа Барселона е на првото место.

Поради тоа спортскиот весник „Ас“ организираше анкета во која дури 32,2 одсто од навивачите на Реал Мадрид се изјасниле дека не го сакаат Кристијано Роналдо во првата постава.

Португалецот од почетокот на оваа година не е во препознатлива форма, а Лионел Меси во неделата со својот хет-трик го стигна на листата на стрелците, па сега и двајцата имаат по 30 погодоци во Примера.

Интересно е тоа што на 13-ти декември Роналдо имаше 12 голови повеќе од својот ривал, но на последните шест меча има постигнато само два, а Реал победи на само два натпревари на последните пет одиграни.

Во анкетата на весникот „Ас“, на прашањето што би требало Реал Мадрид да направи, дури 92,1 одсто од читателите изразиле желба тренерот Карло Анчелоти да се врати на формацијата 4-4-2.

Но, доколку Анчелоти ја промени тактиката, тогаш сигурно е дека Бејл, Бензема и Роналдо нема да играат во истиот состав.

Навивачите најмногу гласаа против Герет Бејл 46,1 одсто, но интересно е тоа што Роналдо е втор, додека Бензема е трет со 21,7 одсто од гласовите.

Таа анкета уште еднаш покажа дека просекот од повеќе од еден гол по натпревар не е доволен навивачите на Реал да бидат среќни.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега