„Бакси“ наредните седум години ќе ги плаќаат играчите кои ги отпуштиле

Доскорешниот крилен центар на Милвоки, Лери Сандерс ќе биде на платниот список на „Бакси“ се до 2022-та година.

Според наводите на „Си Би Ес“ управата на франшизата од Висконсин дала согласност во наредните седум години на Сандерс да му исплатат 1,9 милиои долари.

Интересно, иако играчот неодамна го напушти клубот, до истекот на важечкиот договор му остануваат уште три години.

Сандерс пред две години потпиша договор со „Бакси“ вреден 44 милиони долари, но од тогаш одигра само 60 натпревари.

Причина беа повредите и суспензиите, во следниот период повеќе внимание да се води за здравјето, но и размислување околу следните потези.

„Бакси“ е една екипа за која Сандерс играше од 2010-та година кога беше „драфтуван“.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега