Милан сака да го види Карик во своите редови

Италијанскиот тим Милан во летниот преоден рок сака да го ангажира Мајкл Карик од Манчестер Јунајтед.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед го загуби местото во првиот тим поради многубројните повреди, па се чини дека неговиот претстој на „Олд Трафорд“ ќе заврши ова лето.

Милан следната сезона ќе тргне во изградба на нов тим, а Мајкл Карик би можел да биде замена за Најџел Де Јонг, кој сигурно ќе замине бидејќи му истекува договорот.

Интересно е тоа што Ван Гал е заинтересиран за Де Јонг, па тоа би можело практично да биде размена на играчи. Исто така договорот на Карик со Јунајтед му истекува на крајот на сезоната, а зaсега нема индиции дека соработката ќе биде продолжена.

Карик има 33 години, а самиот смета дека се уште може да игра на високо ниво.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега